![Novo-igraliste-na-Gradska-plaza-5](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/Novo-igraliste-na-Gradska-plaza-5.jpg?resize=448%2C298&ssl=1)
Одбојкарското и ракометното игралиште на песок на градска плажа „Парк“, од утре ќе почнат да работат.
Сите заинтересирани ученици, граѓани, спортски клубови и здруженија на граѓани, можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на одбојкарското и на ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.
Горенаведените спортски терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.
Закажувањето за користење на терените на игралиштата може да се врши на следниве телефони : 02/ 3297 – 238 и 02/ 3297 – 320 до 16:30 часот секој работен ден или на самото игралиште во горенаведениот период .
Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.