Играорците со порака до Иванов: Не подлегнувајте на притисоците, зачувајте го идентитетот на Македонија

Играорците кои денеска се приклучија со поддршка кон граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, му дадоа подарок на претседателот Ѓорге Иванов и му изразија поддршка и порака да не подлегнува под притисоци и да ја зачува Македонија каква што ја имаме.

-Сакаме да му изразиме поддршка на нашиот претседател Ѓорге Иванов, да не подлегне на притисоците, да ни го сочува македонското име, македонската химна македонскиот јазик, бидејќи ние сме амбасадори кои ја претставуваме нашата Република Македонија во странство. Да не подлегне, да го зачува идентитетот на Македонија, порачаа тие во народната канцеларија на претседателот на државата.

игра-2

под