Игуаин: Сакав да останам во Јувентус

Искусниот напаѓач, Гонзало Игуаин и покрај сите најави дека ќе си замине од Јувентус тој остана во оваа средина, па дури и беше стартер на првите две средби во Серија А.

Имено тој се врати во Јуве откако Челси одлучи да не ја искористи опцијата за негов ангажман, па се очекуваше клубот од Торино да го продаде со оглед на опциите во напаѓачката линија како Роналдо, Дибала и Манџукиќ. Меѓутоа Аргентинецот остана во сефашната средина и ќе има можност одново да соработува со Сари кој го извади најдоброто од него додека двајцата беа во Наполи.

Гонзало е пресреќен што е во таборот на „бјанконерите“, а притоа и посочува дека воопшто ни ни помислувал во летниот преоден рок да си замине од италијанскиот шампион.

-Кога се врати во Торино, имав јасна идеја. Сакав да останам во Јувентус. Искрено никој не ми кажа ништо кога се вратив. Се вратив за да работам, да покажам оти вредам. Ова е одличен тим со голема база на навивачи. Среќен сум што сум овде, -истакна напаѓачот кој сега го носи дресот со број 21.

-Тоа беше мој избор. Се одлучив за промена и го земав 21 што е денот во кој е родена мојата ќерка. Тоа е и начин за да ја земам на секој натпревар. Тоа е одлука која ја донесов од срце и која ми носи среќа. Тоа е вистината зошто го избрав 21, -дополни Гонзало.