Ултрарадикалната сунитска терористичка организација Исламска држава ги повика своите борци на одмазда за убиството на нивните водачи и да ја искористат војната во Украина за напад врз Европа.
Новиот портпарол на џихадистите Абу Омар ал-Мухаџир во адио-порака на мрежата Telegram доцна во неделата повика на одмазда за смртта на Абу Ибрахим ал-Хапими ал-Курејши и Шеик Ал-Мухаџир Абу Хамза ал-Курашји.
Муџахир ги повика борците на Исламската држава повторно да започнат напади во Европа во текот на руско-укранската војна, изразувајќи надеж дека тој судир нема да престане додека не „изгорат крстоносците и не се распаднат нивните територии“.
„До сите лавови на калифатот и борците на Исламската држава насекаде… Ако напаѓате, напаѓајте силно да предизвиката болка и тероризирајте“, повикува Муџахид.
Претходно во март Исламската држава ја потврди смртта на нејзиниот поранешен водач ал-Курајши и именуваше нов лидер, Абу ал-Хасан ал-Хашими.
Абу Ибрахим ал-Курајши загинал на почетокот од февраури наводно во американска акција на северозападот на Сирија. Тој на позицијата водач на Исламската држава го наследи Абу Бакр ал-Багдади, необјаснето ослободениот затвореник од Гвантанамо кој ја презема организацијата во текот на ткн Арапска пролет од 2011 до 2014 година и ја водеше до неговата ликвидација во Сирија во октомври 2019 година.