
ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум за преговарачката рамка, следуваат консултации за формулацијата, информираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека референдумот е начин да се чуе гласот на народот и од власта која е предавничка и од претставниците на ЕУ.
-Македонскиот народ сака да влезе во ЕУ, но под услови какви што важеле за сите претходно. Протоколот кој е дел од преговарачката рамка ја негира македонската посебност, македонскиот јазик и историја. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на државата. Народот нема да дозволи бугаризација. Во периодот кој претстои ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне широки консултации за референдумот кој треба да следи, како и за формулацијата на истиот, се наведува во соопштението на партијата.
По завршување на консултациите ќе се спроведе истиот. Народот ќе може да каже гласно НЕ за бугаризација.