Шведската компанија „Икеа“ на почетокот на мај ќе отвори свој изложбен салон во центарот на Белград.
Во овој салон посетителите ќе можат да се запознаат со асортиманот од понудата на „Икеа“, да добијат стручни совети за уредување на домовите, како и да учествуваат во интерактивни содржини.
Објектот е со површина од 900 метри квадратни, што се наоѓа на познатата улица „Кнез Михајлова“.