
Шведската компанија за мебел и предмети за домаќинство „Икеа“ отвори голем трговски центар во Загреб, а планира да отвори и осум продавници во повеќе градиови од регионот, но не и во Македонија.
Засега, според изјавата на претставникот на компанијата за Словенија и Хрватска, Игор Стефанац, за словенечкиот весник „Финанце“ сигурни локации се оние во Љубљана и Белград, а се преговара за локации и во Риека, Сплит, Нови Сад и Ниш.
Објектот на „Икеа“ во Љубљана ќе се гради следната година, на 84 илјади квадратни метри земјиште кое има намера да го купи од словенечката фирма „Триглав“.