Илјада евра месечно за Замир Мехмети, за да има мир?!

Замир Мехмети, еден од најактивните припадници на Шарената револуција, од Зоран Заев и СДСМ беше награден со висока функција.

Додека останатите учесници во Шарената револуција останаа само изманипулирани од тогашната опозиција да дојде на власт, денес СДСМ најпослушните богати ги наградува.

Тој е член во одборот на директори на Македонски телеком, за што си добил надоместок од 62.000 денари.

Кога Мехмети и останатите челници на Шарената револуција викаа „Нема правда, нема мир“, најверојатно мислеле „Нема пари за нас, нема мир“.

Сега кога земаат големи суми пари, јавнсота не може да ги види дека бараат правда додека државата назадува во сите сфери.