Илјада хоспитализирани со Covid-19 во македонските болници

Бројот на хоспитализирани лица кои се заразени или супсектни на коронаворусот, според денешниот пресек на Министерството за здравство објавен во понеделникот вечерта, изнесува 998 пациенти

Од нив пет пациенти се респиратор и тие се згрижени скопската Градската општа болница „8-ми Септември“. Во оваа болница вкупно се хоспитализирани 79 пациенти.

Најмногу хоспитализирани има на Инфективната клиника во Скопје, вкупно 158 павиенти, а од нив 132 се на кислородна поддршка.

На клиниките кои беа пренаменети за прием на пациенти со дијагностициран Covid-19 состојбата е: Институт за ТВЦ – 54 пациенти, Клиника за неврологија – 18 и Клиниката за кожни болесто 12 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и три деца суспектни на Covid-19, како и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во битолската болница, пак, има 72, а во штипската 60 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и сомнителни на ковид-19.