Летонија им порача на илјада Руси да го решат статусот или ќе се соочат со депортација

На речиси илјада Руси кои живеат во Летонија им е кажано да го решат својот статус на мигранти во рок од две недели или доброволно да заминат, а ако не го сторат тоа, ќе бидат депортирани, рече во средата челничката на летонската агенција за миграција за летонската телевизија.

Летонија го промени својот закон за имиграција во есента 2022 година, наводно како одговор на руската инвазија на Украина. За да останат легално да живеат во Летонија, Русите мора да аплицираат за дозвола за престој и да докажат дека знаат летонски. Оние кои до тој рок нема да го докажат своето познавање на јазикот и не ги исполнуваат законските услови, според новиот закон, мора да ја напуштат државата.

Летонија имаше 2,65 милиони жители кога се одвои од Советскиот сојуз во 1991 година, но тој број оттогаш се намали на околу 1,88 милиони. Етничките Руси сочинуваат околу една четвртина, односно најмалку 25 отсто од населението, а владата се залагаше за нивна „изолација“ освен „ако не покажат лојалност“.

Рига зазеде тврд став во врска со конфликтот во Украина, користејќи го како изговор да ги растури сите споменици на советската армија од Втората светска војна и да ја прогласи Русија за „терористичка држава“

Владата во Рига уште во јануари 2023 година го суспендираше законот за репатријација од 1995 година, со цел да ги блокира Русите да добијат државјанство во балтичката држава користејќи правила наменети за етничките Литванци.

Според медиумоите, тогаш две министерства составиле извештај во кој се наведува „растечкиот руски интерес“ за преселба во Летонија, а тоа се припишува на конфликтот во Украина. Во последните 12 години руските граѓани обично сочинуваат 62 отсто од оние што бараат латвиски документи. Таа бројка се искачи на 81 отсто во 2022 година, „во време кога економската и меѓународната стабилност на Русија беше под закана“ поради конфликтот, се тврдеше во извештајот.

Рига примила 430 барања за репатријација од руски државјани во 2022 година, од кои 220 биле одобрени. Сепак, Министерството за внатрешни работи се пожали дека овие луѓе немаат роднини или престој во Летонија, или во некои случаи никогаш не ја посетиле земјата и „веројатно“ имале намера наместо тоа да ги користат дозволите за да живеат на друго место во ЕУ.

Истакнувајќи дека законот е донесен со идеја да се вратат Летонците кои се преселиле „поради закана од геноцид, војна или асимилација“, назад во нивната „етничка татковина“, се забележува дека поусловената шема, која бара доказ за продолжување на престојот, сега се предлага јазичен тест.

Пред избувнувањето на руско-украинската војна, Естонија во неколку наврати беше критикувана од телата на ЕУ и на ОН, како и од Русија, за големиот број лица кои не можат да добијат државјанство. Во Естонија, со 1,3 милиони жители, околу 84 отсто имаат државјанство. Бројот на естонски жители кои го имаат државјанството на Руската Федерација, е повеќе до 100.000, а уште 90.000 луѓе, претежно русофони, немаат никакво државјанство.

Во Летонија, пак, со население од околу 1,8 милиона луѓе, околу 44 отсто се русофони. Околу 16 отсто, односно 319.000, од латвиското население се води како „не-државјани“, односно лица чии родители се населиле во Латвија за време на советската ера. Во оваа земја постојат 80 разлики во правата меѓу граѓаните и ткн „не-државјани“. Особено за вторите важи законот дека немаат право да учествуваат на избори и референдуми.

Во Естонија, како и во Летнија и Литванија, балтички земји кои по осамостојувањето од Советскиот сојуз во 1991 година станаа членки на Европската унија и на НАТО, добивање на нивно државјанство не им е овозможено на сите нивни жители. Државјанство може да добијат само оние чии родители или самите тие живееле во земјата до 1940 година. Другите може да добијат државјанство преку натурализација, за што треба да полагаат устен и писмен испит за познавање на државниот јазик.