Илјадници Чеси се собраа во неделата во главниот град Прага на плоштадот Венцеслас виорејќи знамиња и скандирајќи слогани против рестриктивните мерки воведени со цел да се запре зголемувањето на бројот заболени од коронавирусната болест Covid-19.
Демонстрантите главно се противат на острите мерки за лицата кои не се вакцинирани против коронавирусот, а ограничувањата вклучуваат и забрана за влез во рестораните.
„Државата би требало да ги слуша барањата на граѓаните. Ограничувањата нѐ водат на патот за пеколот“, изјавила Зузана Возабова, една од противниците на рестриктивните мерки.
Во Чешка, со 10,7 милионска популација, најголем број на зарзите беше забележан во средата 54.689. И бројките на новозаразените последните два дена ја вбројуваат земјата меѓу оние со најмногу од почетокот на пандемијата.
И покрај растечкиот број на заразените, владата минатата седмица ја укина уредната според којашто вакцинирањето против Covid-19 беше задолжително за клучните стручњаци и повозрасните од 60 години, за да е избегне „продлабочувањето на јазот“ во општеството.
Владејачката коалиција на десниот центар на премиерот Петр Фиала го скрати и времето за изолациите и карантинот, а воедно донесе одлука за задолжително тестирање на вработените во компаниите.
Во саботата бројот на хоспитализираните ковид-пациенти изнесуваше 1.989, што е многу помалку отколку во претходниот пик од епидемијата, на преминот од ноември до декември, кога оваа бројка изнесуваше оклолу 7.000 пациенти.
Во Чешка од почетокот на епидемијата регистрирани се 37.184 смртни исходи поврзани со Covid-19, што е една од најголемите стапки во светот по глава на жител.