Илјадници деца во САД во болница поради омикрон сојот

Илјадници деца во Соединетите држави поради зараза со омикрон варијантата на коронавирусот завршиле во болница, па здравствените стручњаци стравуваат дека големиот број невакцинирани Американци помлади од 18 години ќе минат во новиот бран на епидемијата.

Просечниот дневен број хоспитализирани деца од 21-ви до 27-ми декември се зголемил за повеќе од 58 отсто на национално ниво на 334, во одност на 19 отсто за сите возрасни групи, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC). Помалку од 25 отсто од 74 милиони Американци помлади од 18 години се вакцинирани против коронавирусот, според официјалните показатели.

Следната седмица се отвораат училиштата по зимските празници, па се очекува зголемува на бројот на заразените. Според лекарите, прерано е да се каже дали омикрон сојот предизвикува потежок тек на болеста кај децата од другите варијанти на коронавирусот, но е многу заразен што е клучен фактор кој придонесува за зголемување на бројот на хоспитализираните.

„Ќе заразат пове луѓе и тоа се случува. Гледаме дека бријките растата, гледаме дека има повеќе хоспитализирани деца“, изјави лекартата Џенифер Најак, педијатар и стручњак за заразени болести при Медицинскиот центар на Универзитетот Рочестер, предупредуваји дека децата помлади од пет години не се вакцинирани.

Дури и во Њујорк, кој ја има една најголема стапки на вакцинираност во земјата, само 40 отсто деца на возраст од пет до 17 години се целосно вакцинирани во однос на повеќе од 80 отсто од возрасните, според податоците на градските власти. САД не одобрија ниедна вакцина против Covid-19 за децата помлади од пет години.

Бројот на хоспитализираните во Њујорк на возраст до 18 години пораснал од 22 седмично оод 5-ти декември на 109 во периодо од 19-ти до 23-ти декември. Децата помлади од пет години сочинувале речиси половина од вкупниот број на зарази.

Бројот на хоспитализирани помлади од 18 година во целата сојузна држава Њујорк изнесувал 184 од 19-ти до 23-ти декемврим, во однос на 70 во седмицата од 5-ти до 11-ти декември.

Заразата меѓу децата се шири и во другите делови на САД. Сојузната држава Охајо преијави 125-процентно зголемување на бројот на хоспитализираните деца помлади од 17 години во последните четири седмици. Флорида, Њу Џерси и Илиноис пријавија најмногу двојно зголемување на просечниот седумдневен број на хоспитализираните малолетните пациенти во последните седум дена, според CDC.

Во целост се вакцинирани помалку од 15 отсто од американските деца на возраст од пет до 11 години. Лекарите наведуваат дека децата хоспитализиранин поради Covid-19 имаат тешкотии се дисањето, висока температура и дека се дехидрирани.

„Потребна им е помош за да дишат, потребен им е кислород, потребна им е дополниетлна хидратација. Доволно се болни да завршат во болница и тоа ги плаши лекарите и родителите“, изјави Ребека Мејденм, експертѕ за детски заразни болести од медицинскиот центар NYU Langone.

Зголемувањето на бројот на заразените се случи во периодот кога улилиштата беа затворени поради зимскитге празници. Пред празниците, повеќе од илјади училници беа делумно или сосем во карантин, според податоците на Њујорк. Истражувањата покажуваат дека значителен број на заразитге кај децата се случил надвор од училиштата. Експертите очекуваат повеќе заразени деца по празничните собирања.