Илјадници Израелци протестираа за ослободување на заложниците на Хамас

Илјадници луѓе протестираа во саботата вечерта во израелскиот крајбрежен град Тел Авив и други градови во земјата барајќи ослободување на 239-те заложници држени во палестинската енклава Појасот Газа.

Демонстрантите во Тел Авив се собраа пред музејот на уметност во центарот на градот. Држеа транспаренти на кои пишуваше „Израелците за прекин на огнот“, „Нема победници во војната“ и „Нема воено решение“.

Ноам Пери, чиј татко бил киднапиран од исламистичките милитанти на Хамас на 7-ми октомври, се обрати: „Господине премиер, членови на владата, не ми зборувајте за освојување, не му зборувајте за уништувањето на Газа. Воопшто не зборувај, само дејствувајте … донесете ги дома веднаш“.

Протести се одржаа и во Ерусалим, Цезареја, Бершеба, Хаифа и Еилат. Притоа им била оддена почит на жртвите од масакрот на 7-ми октомври.

Според медиумите, демонстрантите во Хаифа побарале оставка од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада поради тоа што не го спречиле нападот на Хамас.

Се проценува дека околу 3.000 милитантите на Хамас и други групи ја преминале границата пред пет седмици во суптилно подготвуваниот и изненадувачки добро координиран прекуграничен напад без преседан во деценискиот израелско-палестински конфликт, убвиајќи војници и цивили, меѓу кои и деца, жени и стари низ пограничните воени бази, кибуцимите и градовите во јужен Израел.

Според последните проценки, во нападот се убиени околу 1.200 луѓе, од кои 312 припадници на израелската војска, а илјадници луѓе биле ранети.