Илјадници Израелци кои се противат на провосудната реформа предложена од десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјахи во саботата пристигнале во Ерусалим, во периодот кога расте притисокот врз владата да се повлече од мерките кои би ги ограничиле овластувањата на Врховниот суд.
На почетокот на јануари, владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху најави судска реформа која ќе ги намали овластувањата на судиите на Врховниот суд во корист на демократски избраните носители на законодавната и извршната власт и ќе го намали нивното влијание врз изборот на идните судии. Од друга страна, десетици илјади Израелци се собираат во градовите низ земјата секоја седмица, обично во сабота навечер, за да го критикуваат нацрт-законот и националистичко-религиозната коалициска влада што Нетанјаху ја состави во декември.
Израел нема устав, а улогата на уставот ја игра Декларацијата за независност и низа основни закони. Многумина во израелското општество, вклучително и претседателот на земјата Исак Херцог, ги повикаа спротивставените страни да постигнат компромис и побараа од коалицијата да ги омекне своите првични предлози. На крајот на минатиот месец, владата попушти под притисок и го стави во мирување планот за реформи во правосудството, давајќи време за дополнителни консултации.
Владата на Натанјаху, во којашто партиципираат и припадниците на ортодоксните Евреи и екстремната десница, тврди дека реформата за којашто парламентот – Ксенетот би требало да гласа во понеделни, е неопходна за да се урамнотежат гранките на власта, бидејќи Врховниот суд си презема премногу интервенции.
Критичарите на реформата, пак, тврдат дека Врховниот суд е клучен за зачувување на граѓанските права во земјата без устав и еднодомен парламент со кој доминира владата.
Носејќи израелски знамени колоната демонстранти маршираше по главнито автопат до Ерусалим во време на големите горештини, со звуците на тапаните и извикувајќи антивладини слоглани. Демонтстрантите одат со денови, во текот на ноќите кампираат и локалното населние често им нуди храна и пијалаци.
Планиранот е демонстрантите да се соберат пред парламентот пред пленарната седница во неделата и на гласањето коешто следи во понеделник. Сметат дека таа мерак би го ограничило правото на Врховниот суд да ги спречува „неразумните“ одлуки на владата и на министрите.
Една од водачите на протестите Шикма Бреслер за Reuters изјави дека не знае дали демонстрантите ќе испеат да влијаат врз владината одлука.
„Меѓутоа, гласањето не е последниот чекор. Затоа се обидуваме да изградиме сили во оваа држава за да се избира доброто над лошото, светлината над темнината“, вели Бреслер.
Анкетите покажуваат дека голем број Израелци се загрижени во однос во планираните промени, а демонстрациите ѝ наштетија на економијата и предизвикуваат загриженост кај клучниот израелски сојузник САД.
Американскиот претседател Џо Бајден ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во САД подоцна месецов, и го повика да создаде консензус за реформата.
Според некои израелски медиуми, кризата со правосудните реформи предизвикала и поделби во војската, долго сметана за аполитичен елемет во длабоко разидинетото израелско општество.