Илјадници верски, граѓански и десничарски активисти излегоа во неделата на улиците на главниот град Белград повикувајќи ги српските власти да ја забранат геј парадата која е планирана за следниот викенд и посред првичните најави требаше да трае цела седмица со учество на ЛГБТИ активисти од цела Европа.
Меѓу демонстрантите кои носеа големо знаме на Србија, имало групи кои извикувале слогани со поддршка за Русија како земја во која промовирањето во јавноста и пред малолетници е законски забрането, како и националистички и крајно десничарски слогани, пренесуваат медиумите.
Колоната мотоциклисти кои ги поддржуваат политиките на рускиот претседател Владимир Путин, ги стартувале мотоциклите во знак на поддршка на собраните по потоа се упатија кон белградскиот соборен храм на свети Сава на молебен.
Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј, во проповедта рече дека ЕвроПрејдот претставува закана за традиционални семејни вредности.
„Саката да ја сквернават светоста на бракот и на семејството и да наметнат неприродна заедница како замена за бракот“, изјави патријархот Порфириј,
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во саботата дека имало закани против протестите и дека полицијата треба да направи процена дали ќе го прекине,
ЛГБТИ и невладините организации за човекови права повторуваа дека собирот ќе биде одржан следната сабота, дури и доколку властите го откажат одржувањето на поворката.
Геј сексот е легален во Србија, но еднополовите бракови не се дозволени и некои од ЛГБТИ заедницата кои имаат поддршка на западните влади и Европската унија, тврдат дека се соочувале со непријателства и дискриминација.
Српските власти го одложија одржувањето на ЕвроПрајдот во Белград, поради сложената безбедносна состојба, особено во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија. Повеќето ткн Поворки на гордоста во раните 2000 години беа одбележани со насилства.
Западните медиуми во своите извештаи од Белград истакнуваат дека многумина од демонстрантите во неделата виореле руски знамиња „во земјата којашто се обидува да ги урамнотежи своите амбиции да се придружи на Европската унија со своите долгогодишни врски со Русија и Кина.