Илјадници понуди за посвојување на девојченцето извлечено од урнатините во Сирија

Илјадници луѓе се понудиле да го посвојат женското новороденче донесено на свет под урнатините на зградата во североисточна Сирија, по разорниот потрес од понеделникот, пренесе BBC.

Кога е спасена, девојченцето Аја („чудо“ на арапски) и натаму со папочната врвка била поврзана за мајката. Нејзината мајка, таткото, трите сестри и братот ги загубија животите во страотната стихија од којашто настрада местото Џиндаирису, Аја сега е сместена во болница.

„Ја донесоа во понеделникот во многу тешка состојба, имаше грутки, модринки, беше студена и одвај дишеше. Доколку не ја најдоа навреме би умрела за еден час“, изјавил Хани Меруф, педијатар кој се грижи за неа и додал дека Аја сеега е во стабилна состојба.

Видео-снимката од спасувањето на Аја стана вирална на социјалните мрежи. На снимката се гледа како маж истрчува од урнатините на зграда носејќи дете прекриено со прашина. Спасувачите веднаш го завиткаа новороденчето бидејќи температурата била околу нулата и го однеле во болницата во блискиот град Африн.

Илјадници луѓе на социјалните мрежи бараат поединости за посвојување на девојченцето. „Би сакала да ја посвојам и да ѝ дадам пристоен живот“, е еден од коментарите на корисниците.

Телевизиска водителка од кувајтската телевизија во програмата реле „Подготвена сум да се грижам и да го посвојам ова дете … доколку добијам правна дозвола за тоа“.

Директорот на болницата во којашто е згрижено девојченцето, Калид Атијах, вели дека примил десетици повици од луѓе од целиот свет кои сакаат да ја посвојат Аја.

Др Атијах, кој има ќеркичка само четири месеци постара од Аја, вели „Нема никому да дозволам сега да ја посвои. Додека нејзиното далечно семејство не се врати, ќе ја третирам како едно од своите деца“.

Семејството на новороденчето биле бегалци од нестабилната источна провинција Деир ел-Зор.