Неколку илјади демонстранти во Тел Авив повикаа на оставка на премиерот Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи ја неговата влада дека не прави доволно за да ги врати дома заложниците кои сѐ уште ги држи Хамас во Појасот Газа.
Протестот се одржа пред комеморацијата на 100-те дена од почетокот на војната во Газа, која беше предизвикана од најтешкиот и најбруталниот напад во историјата на Израел, извршен на 7. октомври од страна на Хамас и другите екстремистички групи. Тогаш милитантите убија околу 1.200 луѓе во израелските погранични воени бази, градови и кибуци во близина на Газа и киднапираа околу 240 луѓе.
Израел одговори со воздушни напади врз Газа и копнена офанзива во која досега убиени реќиси 24.000 луѓе. За време на прекинот на огнот во ноември, 105 заложници беа ослободени во замена за 240 палестински затвореници, но оттогаш има малку знаци на надеж за семејствата на приведените.
Популарноста на Нетанјаху опадна по нападот од 7. октомври, а израелската јавност го обвини дека не ги подготвил соодветно безбедносните сили за таков напад.
Луѓето излегоа на улиците да протестираат против Нетанјаху во саботата вечерта и во други израелски градови, вклучително и Хаифа и Цезареја, јавуваат израелските медиуми.