Најголемата опозицска сила во земјата Бугарската социјалистичка партија (БСП) одржа во саботата национален протест во Софија на кој побара оставка од владата на премиерот Бојко Борисов и на државниот обвинител Иван Гешев.
Според медиумските извештаи, на протстот кој се одржа под мотото „Против корупцијата и грабежот. Заедно за Бугарија“, учествувале повеќе илјади граѓани. Со десетици автобуси во Софија на протестот простигнале приврзаници на БСП од разлочни делови на земјата.
„Нѐ собра љубовта кон Бугарија, тука сме за да ја спасиме земјата од мафијата. Заедно сме да ги заштитиме нашите деца, нашите семејства и родители од грабежот. За 10 години владеење на Борисов, ГЕРБ (десноцентристочката владејачка партија Граѓани за европска Бугарија) и партиите кои ги поддржуваат ја ограбија нашата сегашност, ние сме тука за да ги спрчиме да ја украдат нашата иднина“, изјавила челничката на БСП, Корнелија Нонова.
Демонстантите жестоко ги критикувала владините политики, особено во третиот мандат на владата на Борисов.
„Сиромашните стануваат сѐ посиромашни, а богатите стануваат побогати. Во нашата земја има неконкурентна економија, највисока корупција, зависно и неефикасно судство. Владејачите немаа ниту среднорочна, ниту долгорочна програма за развој на земјата, нив ги интересираат само парите“, изјавил влијателниот професор Румен Гачев.
По неговиот говор, како што пренесуваат медиумите, центарот на Софија „буквално експлодирал“ од повиците „Оставка!“. Протестост на БСП минал без инциденти, соопштиле од софиската полиција.
Во бугарската престолнина изминатите 17 денови секојдневно се одржуваат антивладини протести под мотото „Да ја одбраниме демократијата!“. Кон протестите во изминатите денови се приклучија и илјадници граѓани незадоволни од нивото на корупција во Бугарија како и поради лошиот животен стандард и економските проблеми. Главните барања на демонстрантите се бугарската влада да поднесе оставка заедно со главниот обвинител.