Сопругата на претседателот на Соединетите држави, Џол Бајден, се извини во вторникот поради тоа што несреќно ги спореди Латиноамериканците со такоси.
„Првата дама се извинува, со својата изјава само сакаше да изрази восхит и искрена љубов кон латино заедницата“, објави на Twitter нејзиниот портпарол Мајкл ЛаРоза.
Во говорот кој во понеделникот го одржа во сојузната држава Тексас, сопругата на претседателот Џо Бајден ја пофали „шареноликоста“ на американското население по потекло од земјите од Латинска Америка, велејќи дека „шаренолико како и малите продавници во Бронкс, убаво како цвеќето во Мајами и единствено како такосите за појадок во Сан Антониот“.
Освен споредбата со такоси, мали палачинки од пченкарно брашно типични за мексиканската кујна, што веднаш наиде на критики, Џил Бајден погрешно го изговорила терминот „bodegas“ (мали продавнички).
„Ние не сме такоси. Не нѐ сведувајте на стереотипи“, реагираше Националното здружение на латиноамериканските новинари со седиште во Вашингтон.
Многумина конзервативни пратеници ја критикуваа „првата дама“, оценувајќи, додека неолибералните медиуми наклонети на демократите жестоко се нафрлија на републиканците дека таквата невнимателност наводно дошла „од нивните редови“.
„Не зачудува тоа што Латиноамериканците бегаат од Демократската партија“, коментираше конгресменот од сојузната држава Аризона, Енди Бигс.
Џил Бајден со посетата на Тексас сакаше да ги привлече латиноамериканските гласачи, кои инаку традиционално гласаат за Демократската партија на нејзиниот сопруг, во кампањата за ноемвриските избори на половина од мандатот. Според анкетите и предвидувањата на аналитичарите, опозициските републиканци имаат шанса за голем успех на тие избори, што може да ги компликува остварувањата на главните ветувања и политики на претседателот Џо Бајден.
За една година поддршката на Џо Бајден падна од 55 на само 26 отсто меѓу латиноамериканските гласачи, покажува неодамнешната анкета на Универзитетот Квинипек.
Истражувањето спроведено од весникот The New York Times и институтот Siena College Research Institute од 5-ти до 7-ми јули објавено во понеделникот покажа дека големо мнозинство поддржувачи на Демократската партија, не сакаат актуелниот американски претседател Џо Бајден да се кандидира за вториот мандат во 2024 година.
Според тие резултати, само 26 отсто од испитаниците демократи се согласни сега 80-годишниот претседател да добие уште една кандидатура, додека дури 64 отсто сакаат друг кандидат. Како главни причини зошто симпатизерите на американските демократи претпочитаат друг кандидат, најбројни биле возраста на Бајден, како и ефектите од неговата работа на должноста.
Истовремено, од сите испитаници опфатени со анкетата, само 33 отсто ги поддржуваат политиките на Бајден, додека 60 отсто од демократите не го споделуваат таквото мислење. Анкетата, исто така, покажала дека дури 77 отсто од испитаниците сметаат дека САД се на погрешен пат на сопствениот развој, а само 13 отсто изразиле поддршка за сегашниот курс на Вашингтон.
На почетокот од јули беше објавена анкета според која 71 отсто од Американците не сакаат актуелниот претседател Џо Бајден да се кандидира за вториот мандат.