Иле Костадиновски е новиот в.д. директор на РЕК „Битола“

Иле Костадиновски, дипломиран правник во РЕК “Битола“ е поставен од раководството на АД ЕСМ за нов в.д директор на РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија во земјата.

АД ЕСМ за нов прв човек пред десетина дена го именуваше Лaзо Узунчев.

Во состав на Управниот одбор на друштвото во државна сопственост, покрај Узунчев, истовремено беа именувани следните членови: Реџеп Асани заменик-генерален директор, како и членовите Ѓорѓи Ѓорѓиевски директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски директор на производство, Виктор Јовановски директор за комерцијални работи, Иван Стојановски директор за финансиски работи и Владимир Пејоски директор на развој и инвестиции.

Костадиновски во РЕК “Битола“  доаѓа на местото на досегашниот управител Пеце Матевски.