Илија Гечев е македонскиот милијардер, но и еден од најбогатите во регионот

Српскиот весник „Недељник“ годинава објави листа на 100 најбогати стопанственици во регионот. На списокот има 18 милијардери, а еден од нив е и македонскиот бизнисмен Илија Гечев сопственик на ИГМ Трејд. Тој се најде на 18 место.

Според анализата на неделникот вредноста на „ИГМ Трејд“ на Гечев се проценува на 1,054 милијарди евра. Тој е единствен на списокот од 18 милијардери кој не е Хрват или Србин.

Списокот од 10 балкански милијардери ја предводи Дубравко Гргиќ, водечкиот акционер на „Аграм група“ со богатство од 2,840 милијарди евра, а по него се Миодраг Костиќ со 2,779 милијарди евра и Мирослав Мишковиќ која има само 120.000 евра помалку.

Четврти на списокот се Славко и Роберт Кутиќ и Изабел Јелиниќ од компанијата „Инфобип“ со богатство од 2,500 милијарди евра.

Петти на списокот е Мате Римац, „Римац група“ со богатство од 2,270 милијарди евра.

Шести е Емил Тодески од „Атлантис груп“ кој поседува 1,600 милијарди евра.

По него следуваат Петар Матијевиќ, МИ „Матијевиќ“ со богатство од 1,597 милијарди евра, Дејан Чакајиќ и Јадранка Степановиќ, „Моцарт“ со богатство од 1,334 милијарди евра и Драган Шољак од „Инитед груп“ со богатство од 1,335 милијарди евра.

Десетти на списокот е Миле Ќурковиќ од компанијата „Флодине“ со богатство од 1,313 милијарди евра.

Меѓу милијардерите се уште и:  Филип Цептер сопственик на „Цептер интернационал“ со 1,300 милијарди евра, Иван Жапчиќ и Марко Вуковиќ „ХС Продукт“ со 1,286 милијарди евра, Љубиша Крстајиќ „Карсима хотел и ресорт“ (1,208 милијарди евра), Станко Поповиќ „Eликсир груп“ (1,166 милијарди евра), Павао Вујановиќ „Енергија натуралис“ (1,150 милијарди евра) како и Бранислав и Драган Стојановиќ, „Спорт висион“ со богатство од 1,108 милијарди евра и Петар Матиќ „МПЦ Холдинг“ со богатство од 1,096 милијарди евра.

Спосокот, според весникот,  го составиле експерти од две консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза. При тоа тие користеле мултипликатори од школата за бизнис „Стерн“ на Универзитетот во Њујорк. Анализата ги вклучиле резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.

Списокот не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат доколку ги продадат денеска.