Или кажете дека излегувате од власта или не мафтајте со хартии!

Истовремено сте и „против“ и сакате да не ги загубите привилегиите на власта. Оваа циркузијада која се случува во Собранието е за вие, ДОМ и ЛДП си ја исперете совеста, односно ако бидете во ситуација сами да одите на избори, истовремено да бидете „против“, а истовремено да бидете „за“ и да не ги загубите привилегиите.

Ова денеска од собраниската говорница му го порача пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на пратеникот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

– Во овој политички момент, гласање „против“ и мавтање со глупости, со заклучоци со кои знаете дека нема Рамката да ја променат не вредат ништо. Која е вашата политичка сила? Да излезете од власта! Вие, ДОМ и ЛДП имате четири пратеници. Ако вие сега речете дека ќе излезете од власта ако ова помине, само во тој случај власта ќе ретерира. Овие тендераши и родената мајка би ја продале и нема да застанат освен ако фотелјите не им се во прашање. Полжави имаат поголем интегритет од вас. Мекотели имаат повеќе ‘рбет. Ништо освен закана за излегување од власта не вреди пет пари во овој момент. Или кажете дека ќе излезете од власт, или не го замајувајте македонскиот народ со мафтање со хартии – рече Крмов.