Илиеска: Капиталните инвестиции се многу потребни во државава бидејќи тие го придвижуваат цел економски систем

Во вечерашното гостување во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24, гостување Анастасија Илиеска, од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на задолжувањето и пренаменување на капиталните инвестиции таа истакна дека капиталните инвестиции се многу потребни во државата а ситуацијата со задолжувањето е многу тешка и симптоматична поради тоа што задолжувањето во сегашното време на криза скапо ги чини граѓаните.

Илиеска забележа дека од 2017-та година до 2021-ва година имаме раст на јавниот долг од 2,4 милијарди евра.

„Капиталните инвестиции години наназад ги пренаменуваме со ребаланс на буџетот. Инвестициите се многу потребни во државава, бидејќи тие се нешто што го придвижува цел економски систем и не може постојано да се бега од капиталните инвестиции и да ги пренаменуваме за одредени ставки“, кажа Илиеска.

Во однос на штедењето од страна на Владата, Илиеска посочи дека не гледа дека некој штеди и дека се однесува разумно во време на криза, бидејќи во првите 2 месеци од оваа нова година од страна на Владата направени се 200,000 евра само за хотелски услуги, 50,000 евра за кафе, 50,000 евра за цвеќиња.

Што се однесува на задолжувањето Илиеска потенцираше дека ситуацијата е многу тешка и симптоматична

„Ситуацијата е таква поради тоа што сега секое задолжување ќе биде многу поскапо. Потребно беше многу порано да ги резервираме тие средства за да бидат по евтини. Сега со оваа ситуација дополнително со случувањата во Украина, парите на пазарите се многу скапи“, кажа Илиеска.