На конститутивната седница на новиот состав во понеделникот, битолчани првпат добија претседател на Совет на Општина Битола кој доаѓа од граѓанска листа.
Станува збор за Габриела Илиевска која а предлог од советникот Иван Чулакоски од Поинаку, беше избрана со 18 гласа „за“, откако поддршка доби од колегите советници од Поинаку, советниците од ВМРО ДПМНЕ и Левица.
„Битола денес каиспишува историја. Првпат од своето постоење Битола добива претседател на Совет кој доаѓа од граѓанска листа. Ова е голем ден за демократијата и иднината на Битола. Нѐ чека напорна и тешка работа, затоа отсега натаму помалку говори,повеќе работа на терен. Благодарност за поддршката но благодарност и за не поддршката. Во овој совет отсега ќе се работи за интересите на сите Битолчани, нека Ви е честита победата на овие избори”, порача Габриела Илиевска преземајќи го претседавањето со општинскиот совет.
„Во Битола ќе биде Поинаку! Поинаку секогаш ќе биде во коалиција само со граѓаните, ќе работиме на проекти кои се во интерес на жителите на Општина Битола, ќе се залагаме за активности кои се насочени кон подобрување на целокупното живеење како во Битола, така и во руралните средини и без исклучок ќе бидеме коректор на власта, а наша цел е реализација на програмата која ја ветивме“, додаде Иливеска.