Илиевски доби 30 дена притвор, Дамовски во куќен притвор

Богдан Илиевски добил 30 дена притвор, неофицијално дознава „Прес24“ од извори во Судот.

Илиевски беше еден од предводниците на иницијативата „За заедничка Македонија“. Другиот предводник Борис Дамовски неофицијално добил куќен притвор. Информацијата се уште нема официјална потврда.

Покрај него, во притвор, според официјално потврдени информации се уште 5 лица, а двајца добиле куќен притвор. Неофцијалните информации велат дека најголемиот дел од останатите кои вчера беа приведени добиле притвор.

Се очекува во текот на денот да бидат соопштени сите одлуки.