Го поздравуваме човекот кој ја донесе големата победа и одлучи да не го даде мандатот на луѓето кои сакаат да ја протнат туѓата платформа во нашата земја. Освен тоа претседателот вчера ни ја донесе втората голема победа покажувајќи им на сите каде им е местото на сите во оваа држава. Овде пред канцеларијата на претседателот сме тука за да го поздравиме нашиот претседател Ѓорге Иванов и го охрабруваме да не потклекнува под никакви притисоци, ние сме на улица се додека не се исполнат нашите барања, претседателе продолжете со поддршката на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, порача Илиевски.