Илиевски имаше солидно деби постигнувајќи 8 поени и 3 скока, учинок со кој нашиот кошаркар помогна доволно за Цибона да слави на гостувањето кај Крка со 70:80. На паркетот мина 19 минути.
Најпрецизен во победничкиот тим беше Лалиќ со 14 поени.
Крка која е предводена од селекторот на Македонија, Александар Џикиќ го запиша и вториот пораз во АБА лигата.