Илиевски: Не смее да биде избран претседател на Собранието кој што нема да се откаже од Тиранската платформа

Не сакаме држава која во скора иднина со вакви документи би го доживеала и својот крај, истакна Илиевски.

Вели дека сите политички субјекти мора да ја отфрлат Тиранската платформа и нејзината суштина без никакви обиди за, како што вели, нејзино претолкување или замаскирање со друго име или на друг начин таа да биде презентирана.

Илиевски потенцира дека Граѓанската иницијатива досега имала неколку успеси.

Првиот успех беше кога Претседателот на Републиката одби да го додели мандатот за формирање влада базирана врз Тиранската платформа. Вториот пат кога му посочи на еврокомесарот Хан дека нет реба да се сретне со него, туку со нас, за да слушне директно од нас кои се нашите барања и што имаме кажано. Третата победа беше на 24 март кога беше најавено дека ќе се формира влада, но тоа не се случи само заради огромната масовност на улиците, посочи Илиевски.

Потенцира дека иницијативата докажала оти излегувањето на улица не е џабе, дека не е исто да се седи дома и да се излезе на улица, и ги повика граѓаните кои досега не успеале да им се приклучат, да одвојат време и да излезат на протест во своите градови.

Инаки, поддржувчите денеска на скопскиот плоштад симболично го направија заштитниот знак на иницијативата во боите на Македонија и повторно дадоа поддршка за заедничка и унитарна држава.