Во моментов некој се обидува овде да направи државен удар, народот тоа нема да го дозволи, порача денеска од на пред Собранието Богдан Илиевски, член на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и побара од граѓаните гласно да ги поздрават пратениците кои се внатре.
„Денеска бараме од вас гласно и прецизно, многу бучно да ги поздравиме сите кои на сила седат внатре и забораваат дека на сила може да излезат од внатре бидејќи народот е газда овде“, истакна Илиевски, по што граѓаните скандираа „Избори, избори“ и „Ова е пуч“.
Додека на бината зборуваше Илиевски пред Собранието излегоа припадници на специјалните сили, а тој им порача дека тие од кои треба да го бранат Собранието се внатре.
„Нека знаат и тие кои по службена должност се тука, не дека сакаат, да знаете и сите вие дека нема да има потреба за интервенција, бидејќи ако дојде тој ден сите заедно ќе влеземе внатре“, посочи Илиевски.
Рече дека граѓаните но и безбедносните сили ја бранат Македонија од, како што вели, од ништожниците кои се обидуваат да наметнат платформи од други земји и да пеат туѓи химни.
„Тие ја бранат Република Македонија, ја браниме и ние од ништожниците кои се обидуваат да наметнат платформи од други земји и да пеат туѓи химни внатре. А тие господа положиле заклетва дека ќе ја бранат оваа земја од секој кој сака да и наштетите. Не дозволувајте службеното дејствување да ве вознемири“, рече Илиевски, дополнувајќи дека денеска граѓаните нема да си заминат се додека од Собранието не излезат сите пратеници.
Претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пееја македонската химна во Собранието, а коалиционите партнери на СДСМ- ДУИ, Села и Беса за тоа вееме седеа.
Во тој момент, Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ од говорницата почна да ја пее химната на Македонија, но коалиционите партнери на СДСМ кои и претходно во неколку наврати изјавија дека не ја почитуваат химната и сакаат да ја сменат, а впрочем тоа е и дел од Тиранската платформа, само седеа на столчињата.