Во денешното издание на „Само вистина“ во Канал 5 телевизија, Богдан Илиевски, во врска со вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека трагедијата во Тетово се злоупотребувала политички, истакна дека истиот Заев сега глуми моралист кога во 2106 година во изборни спотови ги користеше некрофилски случаите како смртта на малечката Тамара, Никола Младенов, Мартин Нешковски и Смилковско езеро.
„Вредностите кои беа прокламирани на власт, од оние кои вас ве назначија за директор затоа што тврделе дека се нешто поразлично од другото, од она коешто го критикувале од претходно, уште во изборна кампања 2016-та година, десетици пати и во изборни спотови ги имало малечката Тамара, Никола Младенов, Мартин Нешковски, Смилковско езеро, Заев велеше, вашиот Заев не можеме да бидеме држава ако не ја дознаеме вистината за… малечката Тамара, Никола Младенов, Мартин Нешковски, Смилковско езеро итн“, потенцираше Богдан Илиевски.
Вели дека тогаш се правело спектакл од овие случаи како и дека е дегутантно да се спомнуваат тие случаи но дека беа дел од изборна кампања е факт.
„И сега на истово столче вчера со раката на срце тој вели не можел да поверува како се злоупотребувало, никој не злоупотребува, но тврдевте дека сте белите ангели, а знаете ли што е одговорност“, праша Илиевски.
„Која е таа истрага која треба да определи морални вредности“, дополни.
Илиевски му се спротивстави на Зиков и истакна дека според неговите кажувања нормално било дека саботажа бил пожарот по шумите, и Бугарите коишто загинале, тоа било нормално, а не било нормално да бараш одговорност од одговорните лица за трагедијата во Тетово.