Приватните превозници ги отстранија барикадите од автобуси што беа поставени на булеварот Илинденска и посочуваат дека чекаат премиерот Димитар Ковачевски да ги повика на разговор.
Две недели Скопје беше во целосен сообраќање хаос, а градоначалничката Данела Арсовска немаше слух за наоѓање решение за барањата на превозниците. Дури Градот Скопје објави нов оглас за избор на друг превозник, откако им ја одзема лиценцата за работа на „Слобода превоз“.
Додека приватните превозници бараат ЈСП да им го иплати долгот од над 1 милион евра, Арсовска тврди дека таков долг кон нив ова јавно претпријатие нема и ги обвинуваше за недомаќиско работење.