Посебен режим во сообраќајот на булеварот Илинден утре (недела, 9 април 2023) со почеток во 10 часот поради одржување на улична трка на три километри насловена како „Женска трка 2023“ во организација на Сојуз на спортови на Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот- велат од МВР.