Илиоски: СДСМ го интересира единствено згрижувањето на партиските послушници на трошок на граѓаните

СДСМ не сака професионална и компетентна администрација во којашто ќе просперираат спосбните, оваа е против европска, ефикасна администрација во служба на граѓаните, изјави Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС е истиот и не се менува. СДС сака да нема критериуми и да нема систем на кариера. СДС не го интересира функционирањето на институциите и државата, како што не го интересираат ниту проблемите на граѓаните. СДС го интересира само згрижувањето на партиските послушници на трошок на граѓаните. Затоа СДС најавува укинување на сите критериуми за вработување во државната администрација. Затоа СДС најавува укинување на сите тестови за прием. Само на тој начин Заев ќе биде сигурен дека ќе влезат неговите послушници, а не и оние кои се најдобри, кои имаат највеќе знаење и кои најмногу инвестирале во себе“, рече Илиоски.

Додека дека доколки досега некому не му било јасно зошто во изминативе два месеца државата секој ден се задолжуваше милиони евра, сега е „јасно како ден“ дека Македонија се задолжува со милиони евра за партиски вработувања и исплата на партиските војници на Заев и СДС.

„Цената за оваа девалвација на македонските институции кои секој ден се чекор подалеку од европските стандарди и задолжувањето на државата за партиски вработувања СДС ќе ја плати набрзо. Граѓаните гледаат како професионалци се менуваат за луѓе со купени дипломи, блиски до Зоран Заев. Граѓаните гледаат како довчерашните нивни комшии, пријатели, роднини кои важеле за вистински професионалци во својата област денес се заменети за лични пријатели на Заев кои немаат допирна точка со позицијата која ја добиле“, изјави Илиоски

Илиоски порача дека цената народот ќе му ја наплати на Зоран Заев и на СДС на локалните избори на 15-ти октомври кога ќе ги казни за уништувањето на државните институции. Тој кажа дека народот ќе ги казни за институции кои работат за луѓе со членска од СДС, а не за граѓаните на Македонија.