На почетокот сакам јасно и гласно да кажам дека ако некоја бега од дебата, тоа е баш СДСМ. Значи ние ги чекавме во Собранието на Република Македонија година и пол за да имаме со нив дебата. Тие се седат дома, си уживаат и гледаат телевизија. Тоа е доказ кој бега од дебата. Ова го изјави на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Зоран Илиовски.
Во продолжение проследете го интегралниот текст од обраќањето на Илиовски:
На почетокот сакам јасно и гласно да кажам дека ако некоја бега од дебата, тоа е баш Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Значи ние ги чекавме во Собранието на Република Македонија година и пол за да имаме со нив дебата. Тие се седат дома, си уживаат и гледаат телевизија. Тоа е доказ кој бега од дебата.
Втора работа. Точките не се тргнати од дневен ред, туку точките се само поместени во подолниот ред на дневниот ред.
Што е стравот, дека утре или друг ден нема да има медиуми па нема да ги следат точките на дневениот ред или нема да има јавност? Значи за точките од дневен ред ќе се дискутира кога ќе дојде точката на дневен ред за дискусија.
Инаку, колку што јас знам, сепак сум нов пратеник, г-динот Сугаревски е постар пратеник од мене, би требало повеќе да ги познава процедурите во Собранието. Постои непишано правило, на координација кај Претседателот на Собранието на Република Македонија да се договара и разговара за дневниот ред. На координацијата се разговараше за дневниот ред, Претседателот ги извести сите пратенички групи што планира, дека врз основа на некоја досегашна пракса најпрво ќе одиме со одлуки, ќе одиме со решенија, ќе одиме со закони по скратена постапка, ќе одиме со закони кои се на прво и второ читање и на крајот од дневниот ред се поставуваат автентичните толкувања, се поставуваат закони поднесени од пратеници, итн. На еден начин никој не бега од дебата.