Илјадници жители на иранската престолнина Техеран во саботата со повиците „Смрт за Америка“ ја осудуваат „антииранската“ политика на американскиот претседател Доналд Трамп, пред поранешната американска амбасада по повод годишнината од нејзиното заземање во текот на револуцијата од 1979 година.
Таа годишна прослава го одбележува почетокот на заземањето на амбасадата на САД на 444 дена кое го изведоа исламските студенти и држеа како заложници повеќе од 50 американски дипломати. Тоа доведе до прекин на дипломатските односи меѓу двете земји што трае до денес.
Денот 4-ти ноември, кој се паша на 13-от ден од иранскиот календарски месец Абан, исто така во Иран е познат како Ден на студентите и Национален ден на борбата против глобалната ароганција.
Како и секоја година, демонстрантите скандираа пароли како „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“ и палеа американски знамиња. Други, пак, донесоа кукли со ликот на Трамп и ги удираа са стапови.
Макета во природна големина на балистичка ракета е изложена поред областа на поранешната амбасада во знак на отпор кон САД кои неодамна усвоија нови санкции против Иран поради неговата балистичка програма и на Чуварите на исламската револуција, елитните единици од иранската армија.
„Оваа година антииранската политика на Трамп мобилизираше повеќе Иранци“, изјави Али Шамани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.
„Иранскиот народ ја смета злосторничката Америка за главен непријател и ги осудува понижувачките зборови на омразениот претседател на САД на адреса на големиот ирански народ и Чуварите на револуцијата“, се наведува во завршното соопштение од собирот, прочитано на говорницата.