Десет илјади лица се евакуирани поради поплави во Аргентина, предизвикани од поројни дождови кои зафатија дел од земјата.
Поплавите зедоа три жртви, а најпогоден од поплави во Аргентина е градот Лихуан. Лухуан се наоѓа на околу 75 километри западно од аргентинскиот главен град. Градот е популарен по католичките верници, кои секоја година го посетуваат.
Рекордните врнежи во провинцијата Буенос Аирес доведоа до зголемување за девет метри на водата во реката Аресифес.
Градот Вила Епекуен беше под вода 24 години
Градот Вила Епекуен кој се наоѓа во Аргентина е основан во 1920 година, и е сместен на езерото Лаго Епекуен, кое е познато по големата соленост на водата.
Овој град се сметаше за едно од најубавите места за одмор се до 1985. година кога браната која го штитеше пукна и го поплави цел град.
Во Вила Епекуен живееле 1.500 жители, а годишно имало илјадници туристи.
На 10 ноември 1985. година, голема количина вода почнала да се слива од околните ридови што влијаело на нивото, а браните кои го штителе градот, не можеле да го издржат притисокот. Мештаните седеле на крововите од куќите во надеж дека водата ќе се повлече, но тоа не се случило и за неколку дена градот бил пототпен 10 метри под вода.
Водата почна да се повлекува во 2009. година, но Епекуен не е обновен. И денес претставува атракција и голем број туристи доаѓаат за да го видат.
Од 1.500 жители колку што имало во Епекуен, останал само осумдесет и двегодишниотПабло Новак бидејќи не сакал да го напушти своето родно место.