Илјадници Шпанци протестираа против отцепување на Каталонија

Илјадници Шпанци денеска протестираат во Барселона против отцепување на Каталонија. Демонстрантите, кои бараа национално единство, беа поздравувани од луѓето на балконите, мавтајќи со шпански знамиња, пренесе агенцијата АП.

Во еден момент имаше тензија, бидејќи на демонстрантите кои бараат единство на Шпанија, налета група од околу 100 сепаратисти, но меѓу двете групи  се постави полиција со што се избегнаа конфликти.

Протестот се одржа два дена пред каталонскиот национален празник „Диаде“, кој во претходните години сепаратистите го претвораа во масовни демонстрации на кои  бараа отцепување од Шпанија.

Приврзаниците на независноста организираа референдум на 1 октомври минатата година, иако беше забранет од тогашната влада предводена од Маријано Рахој. По референдумот Каталонски парламент прогласи независност на 27 октомври, но регионот веднаш беше ставен под директна управа на Мадрид, а нејзините лидери беа соборени од власт.

Поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон е во егзил во Белгија за да го избегне судењето започна во Шпанија под обвинение за бунт.

Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека Каталонците може да одржат референдум за новиот статус на покраината, но само за поголема автономија, а не независност.