Илон Маск ангажира тинејџер како софтверски инженер во „SpaceX“

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск го ангажирал 14-годишниот Каиран Квази како софтверски инженер во неговата вселенско-технолошка компанија „SpaceX“, пишува The Independent.

Каиран Квази ќе се приклучи на фирмата на милијардерот откако ќе дипломира на Универзитетот Санта Клара во Калифорнија кон крајот на овој месец, каде што треба да добие диплома по математика и компјутерски науки и инженерство.

Тинејџерот веќе има завршено стажирање во „Intel“ и ќе работи во тимот „Starlink“ на „SpaceX“, кој ја гради најголемата сателитска интернет мрежа во светот.

„Ќе се приклучам на најкул компанија на планетата како софтверски инженер во инженерскиот тим на Starlink“, напиша „чудотот од дете“ во постот на LinkedIn минатата недела.

Идниот вработен во „SpaceX“ влезе во споменатата високообразовна институција на 11-годишна возраст. Според момчето, тој не чувствува дека „му недостига детството“.

„… Една од ретките компании што не ја искористи мојата возраст како произволен и застарен модел за зрелост и способност“, вели Каиран уште во споменатиот пост/

Неговиот профил на LinkedIn оттогаш е отстранет, бидејќи страницата за деловно вмрежување бара од корисниците да имаат најмалку 16 години.

Квази ќе стане најмладиот дипломец во 172-годишната историја на американскиот универзитет, откако од трето одделение „скокнал“ во колеџот Лас Позитас кога имал само девет години.

Локалните медиуми го опишауваат како „гениј“ и „чудо од дете“ за неговите академски достигнувања, при што тестовите за интелигенција сугерираат дека тој е во рамките на 99,9-те проценти од општата популација.

„Мислам дека моите години минати на факултет беа најсреќните години во мојот живот, бидејќи имав голема автономија, навистина, да го споделам моето патување“, изјави момчето за The Los Angeles Times.

„Мислам дека една од работите што навистина сакам да ја направам со раскажувањето на мојата приказна е да се надевам дека челниците на влијателни позиции ќе ги оспорат нивните предрасуди и заблуди. Се надевам дека можам да ја отворам вратата за повеќе луѓе како мене“, додава Квази.