Претприемачот Илон Маск, најбогатиот човек на планетата и основач и извршен директор на аеронаутичката компанија „SpaceX“ и на произведувачот на електрични автомобили „Tesla“, изјави во средата дека досега гласал за американските демократи, но дека во иднина ќе гласа за републиканците.
Демократите станаа „партија на поделби и омрази, па не можам повече да ги поддржувам и ќе гласам за републиканците“, твиташе Маск.
„Сега гледајте како се одвива нивната кампања со валкани трикови против мене“, додаде Маск кој е во процес на купување на социјалната мрежа за микроблогирање Twitter во износ од 44 милијарди американски долари.
Педдесетгодишниот милијардер неодамна рече дека смета оти одлуката на Twitter да му го забрани пристапот до оваа социјална мрежа на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп била „етички лоша“. Најави дека тоа ќе го промени кога ќе стане сопственик.
Минатата година седиштето на „Tesla“ беше преместено од либералната американска сојузна држава Калифорнија во политички конзервативниот Тексас, а и самиот Маск се пресели во оваа држава каде што нема државен данот на приходите.