Илон Маск си го постави кучето за „директор“ на Твитер

Милијардерот Илон Маск го претстави „новиот извршен директор“ на Твитер, истакнувајќи дека „тој“ е „многу подобар од оној другиот човек“.

А, тоа не е никој друг, туку неговиот миленик Флоки, куче од расата Шиба Ину. Во низа Твитер-објави, претприемачот сподели фотографии од Флоки седнат на маса во седиштето на Твитер, во маица со натпис „CEO“ (извршен директор).

„Новиот извршен директор на Твитер е неверојатен“, „Одличен е со бројки“, напиша Маск на Твитер.

Шегите, се чини, се на сметка на Параг Агравал, поранешниот извршен директор на гигантот меѓу социјалните мрежи. Маск во октомври го отпушти Агравал заедно со тројца други високопоставени лица во тогашното раководство.