Според најновата листа на богаташи што ја објави „Форбс“, Илон Маск е најбогатиот човек на светот. Тој заработи повеќе од 250 милијарди долари од почетокот на пандемијата со коронавирус. За 100 милијарди долари тој го надмина Џеф Безос, основачот на „Амазон“.
Маск, сопственикот на „Тесла“ и „Спејс Икс“ заработил голем дел од своето богатство во последните две години. Во 2020 година, богатството му се зголемило за 110 милијарди долари, што е најголем пораст во една година откако „Форбс“ ги следи приходите на најбогатите луѓе во светот.
Според најновата листа на богати, извршниот директор на „Тесла“ достигнал нето вредност од 282 милијарди долари, а Џеф Безос 180,2 милијарди долари.Тие двајца во изминатите години ги менуваа местата на најбогатиот човек на светот. И двајцата претприемачи тргнаа на патување во вселената со нивните компании „Space X“ и „Blue Origin“. Според „Форбс“, ниту еден милијардер немал корист од пандемијата повеќе од Илон Маск, која ја започна 2020 година со нето вредност од 26,6 милијарди долари.
Сумата значително се зголеми бидејќи цената на акциите на неговата компанија за електрични автомобили скокна на неочекувани височини. 50-годишниот претприемач неодамна стана најголем акционер на „Твитер“ со купување на 9,2 отсто од компанијата. Милијардерот зеде удел од 2,89 милијарди долари во платформата, речиси четири пати повеќе од уделот на нејзиниот основач Џек Дорси.
Безос, пак, минатата година продаде акции на Амазон во вредност од 8,8 милијарди долари. Донира и дел од акциите. Сега, според „Форбс“, Џеф Безос поседува само 10 отсто од таа компанија.