Сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп навистина биде уапсен во наредните денови, тоа ќе доведе до негов реизбор на претседателските избори во 2024 година.
„Ако тоа се случи, тоа ќе биде почеток на реизборот на Трамп“, напиша Маск на Твитер.
Претходно Трамп изјави дека федералните агенции би можеле да го уапсат по „незаконски протекувања на информации“ и дека тоа би можело да се случи во вторник.