Илузија е дека во Македонија даноците се ниски, вели Славески

Сега воопшто не е погоден моментот за нова даночна реформа заради неколку причини, изјави меѓу другото во врска со најавените даночни реформи, во своето синоќешно  гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24 гостување членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.

„Прво соочени сме со голема неизвесност, не знаеме што ќе се случи, како македонската економија ќе се снајде во наредниве неколку четири месеци во текот на  претстојната зима, затоа што најавите со енергетската криза не се воопшто поволни“, рече Славески.

Додаде дека доколку состојбата продолжи, како што и најверојатно ќе продолжи ,дека ќе има сериозен удар во економијата.

„Второто нешто е тоа што реформа е хендикеп да се прави кога немате поддршка од значителни фактори во општеството. Сега стопанските комори се изречито против ова што го предлага министерството за финансии“, кажа Славески.

Потенцираше дека за тоа потребни се дополнителни средства.

„Министерството за финансии има начин од она што се предлага досега во дебатите да се обезбедат тие средства. Да се зајакне финансиската дисциплина, товарот да не паѓа на оние кои редовно плаќаат даноци туку да се прошири даночната основица на тој начин оние што не плаќаат и наоѓаат дупки во законот да плаќаат повеќе даноци, борбата против сивата економија и во краен случај она што и ќе мора да се направи, штедење на расходната страна од буџетот“, посочи Славески.

Оцени и дека „илузија“  е дека во земјата има ниски даноци, и посочи притоа дека во даноците ги вклучува и придонесите затоа што и тие се това на платите.

„Кога се има инфлациски данок заради големата инфлација , во тој случај нема никаква логика за толку ниски каматни стапки кои се плаќаат на депозитите да се воведуваат односно да се пушта таа мерка“, рече Славески.

Посочи дека инфлацискиот данок се разлева низ економијата, во моментот најголема корист имаат должниците а има и секако и трезорот и министерството за финансии.

„Понатаму мислам дека министерството за финансии, самиот министер е свесен дека не е време за воведување на прогресивното оданочување уште повеќе затоа што малку во поповолни услови пред 3 години неговата претходничка мораше да направи чекор назад и да признае дека сме имале некаде 20 милиони евра штета од воведувањето на тој данок“, кажа Славески.