
Полицијата уапси скопјанец кој откако ограбил продавница на Бит пазар, соочен со полицајците пиштолот го вперил и во нив, наведено е во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Таму е наведено дека вчера во 11.10 часот на улицата „Челопек” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода В.К. (34) од Скопје.
„Тој бил затекнат веднаш по извршување кривично дело разбојништво во продажен објект на улицата при што со закана со пиштол од сопственикот одзел пари, а откако пристигнале полициски службеници и нив им се заканил со пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик“, информира МВР.