![мицкоски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/709881-mickoski-mladite-si-odat-zaradi-primitivizam-i-lagi.jpg?resize=696%2C454&ssl=1)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната емисија на Топ тема на Телма телевизија, во врска со капиталните инвестиции, посочи дека е тоа суштински проблем, дека има многу причини зошто не се реализираат поради што имаме историско потфрлање на ка капиталните инвестиции.
Тој ги сведе причините за нивна нереализација на три причини:
„Прво е човечкиот фактор. Во овој момент многу малку луѓе се мотивирани да реализираат сериозно големи капитални инвестици, а најчесто луѓето денеска се мотивираат за пари. Потребни се квалитетни законски измени за да може оние кои ќе имаат сериозна реализиција на тие капитални инвестиции, без разлика што се дел од државниот апарат, да бидат финанско мотивирани“, рече тој.
Втората работа споре него се законските рестриктивни одредби, посебно во Кривичниот законик, оној фамозен член 353, од кој луѓето се исплашени.
„Секоја втора кривична пријава е за злоупотреба на службената положба, денеска портпарол на владејачка партија ги повикува сегашните градоначалници да отпочнат процес на кривични пријави за поранешните градоначалници, и сега имаме плејада на поднесени кривични пријави во последниве денови“, посочи Мицкоски.
Третата работа, според него, е тоа што оваа влада немаше капацитет ниту човечки ниту пак било каква визија за да ги реализира капиталните инвестиции.
„На пример, последнава година во последниот месец видовме дека капиталните инвестиции се 6 милијарди и 600 милиони. И ако ги одбиеме 2 милиајрди и 100 милиони што како влог требаше да се докапитализира македонскиот енергетски ресусрс и да го откупи делот од „Гама“ од приватниот оператор, па видовме дека не се реализира, исто ако ги одбиеме плаќањата предвреме, имаме историско ниско реализирање на капиталните инвестиции. Минатата година изнесуваа 25,9, односно 26 милијарди денари. После ребалансот беа некаде околу 22,7 милијарди, и тие не се реализирани целосно“ посочи Мицкоски.