Во вестите на Канал 5 министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запрашан за истрагата во врска со инцидентот што се случи пред три дена во трговскиот центар „Ист Гејт”, рече дека интензивно се работи и дека се прибираат информации во рамките на штабот формиран во Секторот за внатрешни работи.
– Веќе имаме осомничени лица коишто би можеле да бидат сторители. Се работи на утврдување на целосните докази и за тоа ќе се информира јавноста. Секако дека идејата и една од можностите при криминалистичките истраги е преку објавување на фотографијата да се добијат што е можно повеќе докази за една таква работа и токму затоа е преземен тој чекор. Во тој правец сметам дека секоја потврдена вест, информација којашто доаѓа од институциите е вистинската информација. Така, многу шпекулации, многу пишувања по социјалните мрежи имало и ќе има – меѓутоа важно е тие информации да ги добиваме од релевантните институции. Секогаш кога ќе имаме нешто ново ќе излеземе во текот на истрагата – истакна министерот Спасовски.