Свршува по 500 пати на ден - Шокантна исповед на една жена
Дали би сакале да доживувате 180 оргазми за два часа? Можеби тоа ви изгледа примамливо, но всушност е вистински пекол. Еве и зошто…Жените кои страдаат од многу ретко нарушување на сексуалност, ги возбудуваат банални работи во толкава мерка што доживуват оргазми каде било и кога било, а неможат да влијаат на тоа.
Иако некои би помислиле дека таквото нарушување е подарок од небо, жените кои го имаат не би се сложиле со тоа. Една од нив е Кара Анаја (32) од Америка која би дала се’ на светот да нема такви оргазми. Се’ почнало пред четири години во една продавница. Во тој момент ја фатило паника бидејќи не знаела што се случува. Од тогаш не поминува ден да нема оргазам.
Може да доживее оргазам каде било бидејќи нема никаква контрола врз тоа
Може да доживее оргазам каде било бидејќи нема никаква контрола врз тоа
Кара може да доживее оргазам во продавница, на улица, во ресторан, во автомобил додека вози, пред 11-годишниот син… И така веќе некоку години.
Признавам, изморена сум од тоа и никому не му го посакувам истото. Следниот оргазам може да ми се случи за секунда, по неколку часа, никогаш не знам. Еднаш изброив 180 оргазми за два часа. Непријатно ми е кога одам по децата во училиште, иако ми се чини дека другите не го забележуваат тоа, но јас знам, а околу мене се деца. Се надевам дека еден ден ќе се излекувам од тоа, раскажува Кара.
Не му е лесно ни на сопругот
Нејзиниот сопруг вели дека на почетокот, кога на Кара и било дијагностицирано нарушувањето, мислел дека тоа е невозможно. Признава дека немал разбирање и бил уверен дека не е нормална. На истото мислење и понатаму се нејзините родители и уште некои нејзини блиски прилатели. Таа, сепак, избегнува да излегува од дома, да бара работа… Многу време поминува дома и неретко ја фаќа депрресија.
Лекарите и дијагностицирале ретко нарушување-константно генитано возбудување. Лек нема, а лекарите не знаат зошто ова нарушување се појавува.
Жените кои го имаат ова нарушување се склони кон депресија бидејќи не можат да водат нормален живот, а некои луѓе ги сметаат за перверзни. Неки од нив не можат да го издржат притисокот. Дури има случаи дури и на самоубиства.