Во односите меѓу Русија и САД од изминатата година, иако мали, сепак, има позитивни поместувања, изјави во вторникот рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
„Американскиот претседател Џозеф Бајден се согласи со напио предлог за продолжување на договорот за стратешкото вооружување (START) за пет години без никакви услови. Во јуни во Женева се одржа самитот на челниците на двете земји. Состанокот беше плоден и продуктивен“, изјавил амбасадорот Антонов на отворањето на десеттото годишно заседание на форумот „Дијалог Форт-Росс“.
Како што истакнал Антонов, Вашингтон и Москва успеале да востпостават, меѓу другото, стабилен дијалог преку советите за безбедност и преку министерствата за надворешни работи. Се одржуваат експертски контакти за климатските прашања, развојот и заштитата на Арктикот, деловните контакти продолжуваат а трговијата расте, додал дипломатот.
„Сепак, ова се само никлуци на патот на подобрувањето на нашите односи. Претстои уште многу работа да се заврши за да се создаде основа за понатамошен напредок“, истакнал Антонов.
Додал дека Русија им предлага на САД „позитивна програма на дејствување“, почнувајќи од нулта ограничувања на дипломатското присуство во двете земји.
Минатата седмица портпалролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека Москва е подготвена за „прагматичен, здрав и нормален дијалог со Вашингтон, но то мора да се заснова на правната логика“.
На состанокот на врвот во Женева на 16-ти јуни претседателите Владимир Путин и Џо Бајден се договорија да ги вратат претходно повлечените на консултации поради влошените одности. Апостојани амбасадори. Антонов беше повикан во Москва претходно во март, а се врати во Вашингтон во јули.
Последните години дипломатските односи меѓу двете земји постојано се влошуваа. САД ја обвинуваат Русија за низа наводни хакерски напади и мешање во американскиот изборен систем. Москва, пак, го обвинува Вашингтон и неговите сојузници дека се мешаат во внатрешните работи на Русија, за врбување и плаќање на активисти кои ги претвора во опозициски политичари и дека вршат притисок врз новинарите на руските медиуми во странство.
Кога станува збор за дипломатијата, санкциите и притисоците на САД придонесе, како што претходно истакна амбасадорот Антонов за контиунирано влишување на условите за работа на руските дипломати. САД ги затворија конзулатите и центрите на дуските дипломатии на Западниот брег, каде што живеат десетици илјади Руси, а покрај тоа имаше и масовни протерувања на дипломатите кои не останаа без одговор од Москва.
Во најновата дипломатска војна, од средината на мај амбасадата на САД во Москва го запре издавањето на сите недипломатски неемигрантски визи за руските државајни кои се принудени да одат во Прага, обрзложувајќи го потегот со руската одлука за забрана за ангажирање на локални и странски државјани во странските амбасади.
Двопартиската група американски сенатори на 5-ти октомври напиша писмо до претседателот Бајден во кое го повикуваат да ѝ се постави ултиматум на Русија: Мисква да мора да го прошири перосналот на американската амбасада или 300 руски дипломатски претставници ќе бидат протерани од Вашингтон.
Како одговор на таквата иницијатива, руското министерство за надворешни работи одговори дека нема толкав број ангажирани дипломати во американската престолнина. Москва им предложи на конгресмените „кои не поседуваат соодветено познавање на меѓународните односи“ да го вбројат и персоналот при руската постојана мисија во Обединетите нации.