![мицко](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/micko.jpg?resize=671%2C433&ssl=1)
-Имаме премиер на Македонија кој во презентацијата на Буџетот за следната година, наместо да презентира колку ќе вложува во наука, образование, здравство, изградба на автопати и пруга, се фали со зголемувањето на социјалните пакети за зголемениот број на социјални случаи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, за коментар за презентацијата на буџетот за 2023 година во кој премиерот, Димитар Ковачевски соопшти дека ќе има зголемен број на социјалните пакети за социјалните случаи.
Мицкоски посочи дека, според него, успешен премиер е тој што ќе рече дека од оваа година Македонија не е држава со највисока стапка на сиромаштија, а не тој што се фали со зголемувањето на бројот на социјалните случаи.
„Спектакл се прави се прави од нешто што треба да биде редовна активност на владата, дека ќе имало социјални пакети. Ние треба да работиме како држава да немаме многу социјални пакети, треба да имаме богати граѓани. Успешен е оној премиер кој што ќе рече, оваа година Македонија не е држава со најголема стапка на сиромаштија и јас сега имам повеќе пари да вложувам за развој на образование, здравство и така натаму“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека тема за прес конференција, тема за прес конференција треба да е намалениот број на социјални случаи и зголемувањето на бројот на богати македонски граѓани.
„Не е за мене фалење ако е зголемен бројот на приматели на социјална помош, напротив, за мене тема за фалење ако е намален бројот на приматели на социјална помош и повеќе богати граѓани. Тоа е за мене тема. Тоа требаше да каже Ковачевски, колку пари ќе има за науката, колку пари ќе има за здравството, колку пари ќе има за нови автопати, за пруга. Тоа е суштината, нови енергетски објекти. Тој се фали, излегува и вели ќе има повеќе пари за сиромаштија. Не можам да го разберам, но претпоставувам тие ја одбрале таа стратегија, по мене тоа е погрешно и не е за фалење, но, тоа е што е“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека ситуацијата со економијата во државата е алармантна, нема стабилна економска политика и поради тоа бизнисмените не можат да прават инвестиции и кога нема инвестиции нема ни развој, а има се повеќе сиромаштија.
„Во економијата е алармантна ситуацијата и едноставно не гледам стабилна економска политика. Гледам политика со многу осцилации, ќе има даночна реформа, па ќе нема даночна, па скалест данок се брише, па не се брише, се одлага. Сето тоа создава еден вид горчина кај бизнисмените и тие практично, во отсуство на стабилност не можат ниту да инвестираат, а ако немате инвестиции немаат развој, ако нема развој. има многу сиромаштија. И потоа се враќаме на почеток, ќе ги собираме парите да стимулираме сиромаштија, напротив, треба да стимулираме повеќе развој. Тоа е за мене успешен премиер, а не премиер што се фали дека има повеќе социјални случаи. Добро, ако тој така мисли дека се води политика, немам што да додадам“, истакна Мицкоски.