Имамот на големата џамија во Приштина, Шефќет Красниќи е ослободен по сослушувањето во приштинската полиција, каде е приведен по налог на Обвинителството.
Како што соопшти полицијата, имамот се товари за кривично дело „поттикнување на омраза“ поради нетрпеливост кон различни етнички, верски и национални елементи.
При приведувањето на Красниќи, по наредба на судот, бил извршен претрес во 10 објекти во Приштина, Урошевац, Гњилане, Пеќ и Призрен, од кои две невладини организации, една приватна куќа и седум соби. Во тек е сослушување на неколку лица кои се поврзуваат со овие објекти, потврди полицијата.
Во објектите во електронска форма бил пронајден доказен материјал поврзан со кривичното дело.
Големата џамија во Приштина го носи името на султанот Мехмет Фатих.